Таравари: Ако нема датум во декември, во Владата ќе се случи „експлозија“

Арбен Таравари/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, во дебатната емисија на ТВ Шења изјави дека „во Владата ќе се случи експлозија“, откако најверојатно нема да биде добиен датум за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ ниту на 15 декември 2021 година.

„Има многу незадоволство во Владата. Ќе помине 15 декември, 99 проценти нема да се добие датум и ќе ја видите експлозијата во Владата“, вели Таравари.

Потсетуваме,  вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вчера соопшти дека и јануари останува опција за добивање на датум за преговори во ЕУ, доколку тоа не се случи во декември.

„Иако преференцата е декември, од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време, иако мислам дека фокусот треба да ни биде на декември“ изјави Димитров.

И јануари е во оптек за почеток на преговорите со ЕУ, вели Димитров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот