Танковски по трансферот во Еурофарм Пелистер: Ова е чекор напред во кариерата

фото: rkeurofarmpelister.com/

Марио Танковски викендов и официјално стана нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Со ова е завршена приказната која започна минатата година, откако македонскиот репрезентативец и битолскиот клуб ги договорија личните услови, но тогашниот клуб Металург бараше преголема отштета и не се реализира трансферот.

– Доаѓам во сериозен клуб и нашите амбиции се бидеме шампион на Македонија и да игра на високо ниво и во Европа. Еурофарм Пелистер е добро организиран клуб. Ќе имам можност да работам со одличен тренер и сметам дека овој трансфер е чекор напред во мојата кариера Верувам дека ќе се состави еден силен и компактен тим, добар кој ќе конкурира во Европа и во СЕХА лига – изјави Танкоски за официјалниот сајт на Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот