Таневски и следната сезона ќе ги води „пандевци“

фото: фејсбук/академија пандев

Денеска прволигашкиот клуб Академија Пандев потврди дека Александар Таневски ја продолжи соработката како шеф на стручниот штаб.

Таневски кој го доби првиот професионален договор на шеф на стручен штаб, ќе ги води „пандевци“ и следната натпреварувачка сезона (2020/2021) која според најавите ќе започне на 9 август.

Од аспект на играчкиот кадар изминатиот период клубот го напушти Љупчо Дориев кој се пресели во Шкендија, а од тетовската екипа дојде Марјан Радески.

Како прво летно засилување претходно беше промовиран младинскиот репрезентативец Никола Серафимов.

Екипата веќе ја темпира формата преку играње на пријателски натпревари, ремизираше со Силекс (1:1), а триумфираше над Осогово (3:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот