Танц фест Скопје: Легенда на американската танцова сцена се закити со „Менада“

Советот на фестивалот „Танц фест Скопје“ со наградата „Менада“ за исклучителни достигнувања во областа на танцот ја закити Џоан Мајерс Браун, легенда на американската танцова сцена.

Новото издание на реномираниот „Танц фест“, под мотото „Потрага по допир“, ќе го одбележи почетокот на септември со дел од програмата што ќе се одржи во живо, во форма на танцов маратон, и со традиционалното доделување на наградата „Менада“.

Советот на „Танц фест Скопје“ одлучи наградата за исклучителни достигнувања во областа на танцот да ѝ ја додели на Џоан Мајерс Браун за нејзината исклучителна посветеност и уметнички придонес за развој на танцовата уметност на светско ниво, преку активното делување и творење во областа на балетот и современиот танц.

Легендата на американската танцова сцена Џоан Мајерс Браун се закити со наградата „Менада“ на „Танц фест 2020“

Со својата работа во уметноста, креациите, но, пред сѐ, со визијата што непоколебливо ја има, Џоан Мајерс Браун се вбројува во редот на најзначајните уметници на 20 и 21 век на светската танцова сцена. Џоан Мајерс Браун и нејзината компанија „Филаданко!“ во 2012 година учествуваа во програмата на „Танц фест Скопје“ и остварија извонреден успех. Тоа беше првата американска компанија која гостуваше во рамките на фестивалот на највисоко уметничко ниво.

За својата работа Џоан Мајерс Браун, меѓу другите награди и признанија, е добитник на Националниот медал за уметност на САД, највисока граѓанска чест за извонредни достигнувања во уметноста, доделена во 2013 од тогашниот претседател Барак Обама.

Танц фест 2020 ќе се одржи на 4 и 5 септември под мотото „Потрага по допир“. Танц фест ќе го одбележи и јубилејот 30 години современа македонска танцова сцена со учество на македонски и американски уметници, со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, како и долгогодишните партнери на фестивалот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 46, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-30 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот