Танц Фест Скопје 2021 објави повик за млади кореографи

Интернационалниот фестивал „Танц Фест Скопје“, во рамките на својата програма за 2021 година, отвори повик за учество на млади кореографи (до 35 години), чии претстави можат да бидат вклучени во годинашната програма на фестивалот. На тој начин „Танц Фест Скопје“ продолжува со својата заложба за создавање и промоција на современата танцова сцена кај нас, поддршка на млади автори и нивна афирмација во земјава и странство.

– Фестивалот, и покрај ситуацијата во која се наоѓаме со пандемијата, успеа минатата година да ја оствари својата програма во живо и да презентира петнаесетина кореографии на отворена сцена, со што даде свој придонес во одржување на изведувачките уметности во центарот на вниманието. Дирекцијата на фестивалот сака и годинава да даде свој придонес со одржување на фестивалската програма и презентација на странски компании и уметници, но и презентација на македонски креативци, со што ќе им помогне на младите креативни сили да се изразат и опстојат во овие специфични услови во кои се наоѓаме – потенцира Рисима Рисимкин, основач и уметнички директор на фестивалот.

Минатата година фестивалот успеа да ја оствари својата програма во живо и да презентира петнаесетина кореографии на отворена сцена

Повикот за млади кореографи може да се најде на веб-страницата на фестивалот, а отворен е до 27 април 2021. Фестивалската програма е предвидено да се одржи од 1 до 6 јуни, на повеќе отворени сцени низ градот, а учеството на компании од странство е веќе потврдено. И годинава фестивалската програма, покрај изведбите во живо, ќе може да се проследи онлајн. Програмата на фестивалот е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот