ТАНЧЕРКА РАНЕТА ВО ГЛАВА: Направила пауза меѓу две песни (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Танчерката Нина од Индија, e погодена со куршум во глава, откако одлучила да се одмори меѓу двете песни на свадбена прослава.

Настанот се случил во Утар Прадеш. 22- годишната танчерка откако завршила песната, разговарала со друга танчерка и во тој момент некој од гостите испукал куршум кон неа и ја погодил во лице.

Во врска со инцидентот, полицијата уапси двајца мажи, додека сè уште трае истрагата за расветлување на случајот.

Според последните информации, таа има повреди на вилицата, но е надвор од животна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот