Тања Савиќ очајна откако маж ѝ ги однесе децата во Австралија без нејзино знаење: Пет дена не сум ги слушнала синовите

Instagram

Пејачката Тања Савиќ веќе неколку месеци проживува вистинска семејна драма, откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однел нејзините синови во Австралија без нејзино знаење.

Пејачката на Инстаграм сподели заедничка фотографија со синовите Максим и Ѓорѓе и напиша дека ѝ недостасуваат. Тања тврди дека Душан и неговото семејство не дозволуваат таа да комуницира со децата.

Душан и Тања / Фото: Instagram

„Мои најголеми љубови. Правам сè да ми дојдете во прегратка. Јас сум личност која крајно ја осудува неправдата.. И секоја направена штета не може да помине неказнето. Веќе пет дена како не сум им го слушнала гласот. Кога го контактирам семејството ме игнорираат. Каде им е душата? Ако се обидам повторно да се јавам, ме блокираат. Не е ни чудо што се случува корона. Луѓе, сè отиде во пропаст. Јас веќе не можам да молчам. Сите нека дознаат што ми е направено!“, напиша Тања во коментарот.

Пред извесно време Тања раскажа дека два дена не знаела каде ѝ се децата бидејќи нејзиниот сопруг го исклучил телефонот, па на крајот морала целиот случај да го пријави во полиција.

За случајот со српската пејачка пишуваше и Дејли мејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот