ТАМУ СИ ГО ГЛЕДАААТ СПАСОТ: Турци бараат политички азил во Босна и Херцеговина

пасош бих
Фото Профимедиа

Најмалку 65 државјани на Турција побарале политички азил во Босна и Херцеговина, потврдил министерот за безбедност Маријан Баотиќ.

Според податоците, најмалку 43 Турци побарале азил во првите шест месеци од 2019, а потоа тоа го направиле уште 22 лица, пишува Курир.рс.

Како причина тие наведуваат страв од прогон од родната земја бидејќи припаѓаат на група која е против политиките на Реџеп Тајип Ердоган. Во меѓувреме, Ердоган за време на официјалната посета на Сараево побарал од БиХ да ги испорача во Турција сите Турци за кои се потврдило дека бараат азил, а кои се сметаат дека се одговорни за тероризам и неуспешен државен удар во 2016 година.

Досега босанскиот суд ги одбивал овие барања на Турција бидејќи според ОН, организацијата Фето не е терористичка и според конвенцијата за човекови права имаат право да не бидат екстрадирани во државата во која би биле неправедно прогонувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот