Tамара во Истанбул освои награда за „Пејачка од Македонија“

Тамара Тодевска
Тамара Тодевска / Фото: Инстаграм, Тамара Тодевска

Тамара Тодевска ја доби наградата за „Пејачка од Македонија“ на меѓународниот фестивал „Најдоброто од Румели 2022“ што вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција.

Тамара во своето обраќање до присутните им се заблагодари на организаторите и истакна дека секогаш ќе има убави спомени за Истанбул:

– Во текот на мојата успешна кариера добив повеќе награди, повеќе признанија и секоја од нив ми е особено важна. Овие награди не се обични предмети, туку се доказ за квалитетот на мојата работа, за музиката што ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници. Искрено, Ви благодарам за честа и за тоа што повторно ме направивте горда – истакнала Тодевска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


„Уште една награда на која сум особено горда и среќна. Благодарам „Best of Rumeli 2022“
Секое признание ми е важно, затоа што е потврда дека имаме квалитетна музика која е препознаена и вреднувана и надвор од Македонија“, напиша Тамара покрај фотографиите со наградата в раце што ги објави на својот инстаграм-профил. Тамара доби многубројни честитки од своите колеги и од обожавателите.

Тамара на церемонијата ја испеала евровизиската песна „Proud“.

Инаку, Тамара неколку дена престојува во Инстанбул, во друштво на својата мајка, а пејачката објави и фотографии и видеа од престојот во овој град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Тамара веќе го најави учеството на домашниот фестивал „Макфест“, а во наредниот период е планирано објавување на две нови песни.

ФОТО | Совршен викенд: Тамара Тодевска и нејзината мајка Брана уживаат во живописниот Истанбул

ФОТО+ВИДЕО | Вистинска поп-дива: Тамара Тодевска ѝ приреди музичко уживање на скопската публика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот