Тамара Тодевска сподели емотивна фотографија во сеќавање на својот добар пријател Влатко

Instagram
Instagram

Нашата пејачка Тамара Тодевска, честопати објавува заеднички фотографии со прерано починатиот Влатко Илиевски. Таа се сеќава и споделува зеднички среќни моменти од нивниот приватен живот и музичка кариера.

Прерано починатиот пејач остана непребол за целата македонска јавност, а зад себе остави многу песни со кои, за среќа, го продолжуваме сеќавањето на него.

Тамара на својот профил на Инстаграм сподели стара фотографија на која пејачот во рацете ја држи нејзината ќерка Хана кога таа сè уште била бебе.

Instagram
Instagram

Ми недостигаш, сакам да си тука“, напиша Тамара.

Поминаа повеќе од две години од смртта на Илиевски, а Тамара честопати споделува фотографии во сеќавање на својот драг пријател и колега.

Instagram
Instagram

На годишнината на неговата смрт во јули, пејачката со емотивна порака на социјалната мрежа „Facebook“ го сподели нивниот последен муабет и откри дека на Хана често ѝ раскажува за Влатко кој толку многу ја сакал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот