Тамара Тодевска на Евровизија ќе носи креација на Ношпал

Принтскрин

Нашата годинешна претставничка  на Евровизија, покрај со одлична песна, ќе настапи со креација на креаторот Александар Ношпал.

Еден од најчестите коментари на Јутјуб, под официјалното видео, е дека публиката се надева дека конечно ќе се претставиме со одличен сценски настап и добро избрана гардероба на претставникот, алудирајќи на неколкуте промашувања од изминатите години.

Евровизија се очекува да ја следат над 500 милиони гледачи од целиот свет, бидејќи овој фестивал има обожаватели и во земјите кои не учествуваат.

Песната „Proud“ секој ден станува се поголем хит и добива многу позитивни коментари.

Ношпал „облекувал“ и претходни наши претставници, меѓу кои и XXL во 2000 година, Каролина во 2002 и Тоше Проески во 2004.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот