Тамара Тодевска ќе ја истетовира химната и тоа баш онаа строфа што ја заборави!

instagram

Пејачката Тамара Тодевска (35) деновиве постојано изненадува со своите изјави по социјалните мрежи. Нејзината присутност во медиумскиот простор е секогаш актуелна. Така во нејзиното последно гостување во емисијата „Back Stage“ повторно си ја „отвори душата“.

Тодевска како и секогаш искрено зборуваше за нејзиниот приватен живот, за пандемијата со коронавирусот и како нејзиното семејство се справува со „новата нормалност“

Instagram

Пејачката воедно ја потврди веста дека нејзиниот сопруг бил позитивен на коронавирусот, но како што изјави, за среќа останатите членови од најблиското семејство не се заразиле. Тамара кажа дека овој период бил навистина стресен за неа.

Instagram

Сите бевме во изолација 15 дена, зашто маж ми имаше корона,  и јас не знам како не фатив, не ми е јасно, многу е чудно, не само јас туку и децата беа со нас дома колку што траеше периодот на самоизолација“, изјави Тамара.

Не е толку тешко здравствено да го издржиш, колку што психички треба да си спремен за тоа. Мислам дека многу влијае тоа на сите нас“, вели таа.

Instagram

Татко ми не сум го видела многу долго, вака да го видам убаво, да го гушнам, ми фали ми фали таа близина што ја имав со нив“, со солзи во очите раскажа Тамара.

Тамара зборуваше и за нејзината кариера за време на пандемија, која како што вели дека воопшто не работи затоа што пејачите се директно погодени од целата ситуација. Таа апелираше јавноста да не ја заборави македонската естрада во овие тешки времиња затоа што многу од нив немаат никаков прилив на сретства.

Instagram

Неминовно, се отвори и темата за скандалот и грешката која ја направи при нејзината изведба на македонската химна.

Кај нас успехот најмалку се простува. Факт е дека јас згрешив, ме оцрнија буквално за цел живот“, рече Тодевска објаснувајќи дека и успехот што го постигна на Евровизијата многу брзо се заборил.

тамара тодевска
Принтскрин / Youtube

Кога сум згрешила знам да се извинам, а кога ненамерна е грешката уште повеќе ме боли кога некој не ми верува. Се надевам и верувам во тоа дека ќе избледе со тек на време, барем дел ќе се заборави и нема да ме мразат  луѓето. Мене тоа ме боли, што ме мразат без причина“, разочарано изјави Тамара.

Instagram

Имам уште една екслузива да ви кажам, нели се тетовираат работи кои што ти го одбележале животот или ти значат нешто или ете те потсеќаат на некои убави или неубави работи, ете јас ќе јас ќе ја истетовирам химната и тоа баш онаа строфа што ја заборавив“, изјави за емисијата на Бекстејџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот