Тамара ненајавена во ревијалниот дел на „Макфест“

Instagram

Тамара Тодевска, иако ненајавена во програмата на фестивалот, учествуваше во ревијалниот дел на „Макфест“.

На Инстаграм објави дека овие моменти ја потсетиле на нејзиниот прв настап на „Макфест“ пред 28 години, кога на бината се појави заедно со Маријана и Росана.

„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана го имав својот прв настап на „Макфест“. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша – Имаш ли трема? – Што е тоа трема? и одговорив.
Денес, по неколкугодишна пауза повторно настапувам на „Макфест“, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука, а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија“, напиша Тамара.

По нејзиниот настап во ревијалниот дел на фестивалот, на Твитер почнаа да се нижат коментари и нагаѓања дали нејзиниот настап се чувал во тајност откако македонската јавност остро реагираше кога во Американската амбасада Тамара изостави еден дел од македонската химна, или дека ова беше изненадување за публиката во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот