ТАМАРА ИСЧЕЗНАЛА ВО АВСТРАЛИЈА: Полицијата ја барала 12 дена, пиела вода од река за да преживее

Фото: Полиција

Жена која се изгубила во Австралија пред 12 дена, била спасена, додека уште се трага по нејзините двајца пријатели, соопштила австралиската полиција.

Полицијата ја пронашла жената така што ги следела трагите од гумите на автомобилот со кој патувале, пренесува АП.

Тамара Мекбет Рајли (52) е пронајдена во недела вечерта и е префрлена во болница заради дехидрација и изложеност на сонце, соопштила полицијата и додала дека со хеликоптери се трага по нејзините пријатели.

Тројцата биле префрлени на 19 ноември од Алис Спрингс, меѓутоа нивниот автомобил се заглавил во корито на река на југозападниот дел од градот.

Мекбет Рајли е пронајдена на 1,5 километри северно од колата, блиску до изворот на водата, а како што навела полицијата, таа се трудела да остане близу до водата која ја пиела, заради што и веројатно издржала цело ова време.

Според нејзините зборови, нејзините пријатели продолжиле да одат 20 километри кон автопатот за да ја избегнат пустинската жештина која стигнала и до 40 степени, а со себе имале вода и малку храна.

Таа кажала дека останала кај изворот за вода, бидејќи не верувала дека би издржала пешачење до автопатот, како и дека не знаела дали некој ги бара.

– Кога ме пронајде хеликоптерот мислев дека пријателите стигнаа до автопатот – рекла Мекбет Рајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот