„Талир“ се одложи, Стоилковски се разболел

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Слободен печат

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се разболел и не дојде на денешното рочиште на судскиот процесот „Талир”.  Овој процес се однесува за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денеска од судијата во предметот Осман Шабани доби рок од три дена да достави медицинска документација дека бил болен.

Во спротивно, рече Шабани, ќе бидат преземени сите законски мерки. И вториот претставник на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев не дојде денеска во суд.

Јанушев до пред три дена беше Генерален секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзин пратеник во републичкото собрание.

Адвокатот Дончо Наков кој во судница го застапува правното лице ВМРО-ДПМНЕ рече дека добил ивестување од партијата дека Јанушев од пред два дена не бил веќе член на партиските тела и со тоа не можел да ја претставува партијата на суд.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело. На Груевски му се суди во отсуство. За истите две кривични дела обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор. Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за перење пари и други приноси.

Обвинета беше и Елизабета Чингаровска, која призна вина. Партијата ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинета за перење пари и други приноси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот