Талин: Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина

Естонија знаме/ Фото: МИА

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур изјави дека не мисли оти Русија е сериозно ослабена од војната во Украина, јави ДПА.

„Мораме да бидеме искрени и јасно да кажеме дека руската морнарица и руските воздухопловни сили се приближно големи колку што беа пред војната”, изјави Певкур за ДПА за време на неговата посета на Берлин.

Иако руските копнени сили изгубија многу луѓе, тие порано или подоцна ќе го вратат својот број од пред 24 февруари, истакна естонскиот министер.

Покрај тоа, Русија ќе учи од своето искуство во Украина.

„Нема причина да се мисли дека заканата од Русија е намалена”, нагласи Певкур.

Естонија планира да потроши 2,84 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана следната година и 3,2 отсто од својот БДП во 2024 година, рече министерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот