Таличната арена за Вардар, домаќин на кошаркарскиот фајнал фор – Слободен печат
КошаркаСпорт

Таличната арена за Вардар, домаќин на кошаркарскиот фајнал фор

Завршниот турнир на Евролигата во 2020 година ќе се игра во Келн.

Фајнал фор турнирот на најпрестижното кошаркарско натпреварување е предвидено да се одржи од 22 до 24 мај во 2020 година во Келн. Натпреварите ќе се играат во Ланксес арената во која ракометарите на Вардар во два наврати триумфираа во Лигата на шампионите.

– Горди сме што идниот фајнал фор турнир ќе се игра во Келн. По Прага во 2006 година, Париз 2010 и Лондон 2013, повторно избравме град во кој досега не сме биле – изјави Жорди Бертомеу, првиот човек на Европлигата.

Досега, завршницата на Евролигата во два наврати се одржала во Германија, и тоа во Берлин, во 2009 и во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close