Седиштето на МКС/EPA-EFE

Талибански функционер: Меѓународниот кривичен суд треба да ги гони Израел и САД, а не нас

Авганистанскиот заменик министер за внатрешни работи Мохамад Наби Омари денеска изјави дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) треба да ги гони Израел и САД, а не Талибанците.

„Ако тоа беа фер и вистински судови, требаше да ја изведат Америка пред лицето на правдата, бидејќи Америка ги предизвика војните“, рече Омари на настан во градот Хост.

Тој посочи дека и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да биде изведен пред суд, објави „Тајмс оф Израел“.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, изјави претходно оваа недела дека бара налози за апсење на високи талибански лидери во Авганистан за злосторства против човештвото поради прогон на жени.

Откако се вратија на власт во 2021 година, талибанците им забранија на жените од широк спектар на работни места и ги исклучија од образование по шесто одделение.

МКС веќе издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства во Појасот Газа, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот