Талибанците тврдат дека урнале авион на американската армија

ФОТО: МИА

Информациите за паднатиот авион се непрецизни и контрадикторни – се спекулираше дека патнички авион се урнал, но не се знаело на која компанија и припаѓал или колку патници имало во него.

Талибанците објавија дека урнале авион на американската армија во централната авганистанска провинција Газни денеска и дека сите луѓе во него загинале.

– Авионот, бил во разузнавачка мисија, и е соборен во подрачјето Сао Кел во областа Дех Јак во провинцијата Газни, изјави за западни медиуми Забихулах Муџахид, портпарол на Талибанците.

– Сите лица во авионот, вклучително и високи офицери, загинаа, рече Муџахид.

Претходно денеска, висок претставник на одбраната, надлежен за истрагата, рече дека ниту еден американски државјанин не загинал во авионот и додаде дека тие се уште ја испитуваат причината за несреќата.

Никој во американската војска не беше достапен засега за коментар, нагласуваат западни медиуми.

Информациите за паднатиот авион се непрецизни и контрадикторни – се спекулираше дека патнички авион се урнал, но не се знаело на која компанија и припаѓал или колку патници имало во него. Првично се зборуваше дека станува збор за авион на државната авганистанска компанија „Аријана ерлајнс”, но извршниот директор го негираше тоа.

Областа Дех Јака е главно контролирана од талибанците и се наоѓа на неколку стотици километри јужно од Кабул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот