Талибанците со закана до странските војници: Ако не заминете од Авганистан, ќе ги обновиме насилствата

Талибанци/ Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Доколку странските војски не го напуштат Авганистан до 1 мај, талибанците се заканија дека ќе го обноват непријателството, како одговор на неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе биде „тешко американските сили да се повлечат од земјата во договорениот рок”.

Во меѓувреме, германските парламентарци им одобрија на своите воени трупи да останат во Авганистан до 31 јануари во 2022 година.

Талибанците порачаа дека доколку странските војници не се повлечат од Авганистан до 1 мај ќе бидат „принудени да го продолжат џихадот и вооружената борба со цел да ја ослободат земјата од странските трупи”. Тие порачаа дека „одговорноста за продолжување на рокот за заминување на странските трупи ќе претставува товар за оние кои го прекршиле договорот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот