ТАЛИБАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Доколку не бидат ослободени нашите затвореници, нема преговори

Талибанци / Фото: EPA/STRINGER

Ова барање може да биде главна потенцијална пречка за прекин на војната, оценуваат светските агенции.

Талибанците денеска предупредија дека нема да учествуваат во внатрешните разговори во Авганистан сè додека Владата не ги ослободи нивните пет илјади затвореници.

– Подготвени сме за внатрешни авганистански преговори, но чекаме да бидат ослободени нашите 5.000 затвореници. Доколку не бидат ослободени, нема да има преговори, изјави портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.

Ова барање може да биде главна потенцијална пречка за прекин на војната, оценуваат светските агенции.

Според договорот меѓу САД и талибанците, двете страни се согласија да работат на ослободување на воените затвореници и на политичките затвореници, како и за градење меѓусебна доверба.

Договорот предвидува 5.000 талибански затвореници до 10 март да бидат разменети за 1.000 припадници на авганистанските сили.

Забихулах рече дека повеќето од тие 5.000 затвореници биле заробени од американската војска и оти се наоѓаат во затвори на авганистанската Влада.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој не учествуваше во разговорите, го одбива ова барање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот