Талибанците подготвени за прекин на огнот поради коронавирусот

Офанзива на талибанците. / Фото: ЕПА

Тие ветија дека ќе им гарантираат безбедност на здравствените и хуманитарните работници кои доаѓаат да помогнат во области под талибанска контрола.

Талибанците денеска објавија дека се подготвени да прогласат прекин на огнот во сите делови на Авганистан што ги контролираат доколку се  шири коронавирусот.

Талибанците ја објавија својата одлука по вчерашниот апел на Советот за безбедност на ОН, во кој ги повикуваат сите спротивставени авганистански фракции веднаш да го почитуваат барањето на генералниот секретар на Светската организација и со прекин на огнот да одговорат на пандемијата и да дозволат испорака на хуманитарна помош во загрозените области.

Тие ветија дека ќе им гарантираат безбедност на здравствените и хуманитарните работници кои доаѓаат да помогнат во области под талибанска контрола.

Во Авганистан има 196 потврдени случаи на Ковид-19, и 24 смртни случаи.

Стравувајќи од ширењето на заразата Владата затвори неколку градови на почетокот од неделата.

Особено се стравува за околу 200.000 Авганистанци кои неодамна се вратија од Иран, каде беснее епидемија на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот