Талибанците во Москва со став дека нема да ги нарушат границите во Централна Азија

Талибанци во Авганистан. / Фото: EPA/SAOOD REHMAN

 Делегација на Политичкото биро на талибанците за време на консултации во Москва со специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов увери дека нема да ги нарушат границите на земјите во Централна Азија. Ова се наведува во соопштението објавено од руското Министерство за надворешни работи.

„Од талибанците се добиени уверувања дека групата нема да ги наруши границите на државите од Централна Азија, како и гаранции за безбедноста на странските дипломатски и конзуларни претставништва во Авганистан”, се вели во соопштението.

Одделно, беше потенцирана цврстата решеност на групата да се бори против заканата од ИД во Авганистан и да го искорени производството на дрога во земјата по завршувањето на граѓанската војна, соопшти Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот