Талибанците ветуваат безбедност околу аеродромот во Кабул

Талибанци / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Талибанските претставници ветија дека ќе обезбедат безбедност надвор од аеродромот во Кабул, но разузнавачките извештаи за непосредна закана од милитантите на Исламската држава не можат да се игнорираат, изјави дипломат на НАТО во главниот град на Авганистан.

Дипломатот, кој сакаше да остане анонимен, се осврна на предупредувањата од Австралија и САД до нивните граѓани да ја напуштат областа веднаш околу аеродромот поради безбедносни извештаи. Илјадници луѓе, кои очајно се обидуваат ја напуштаат земјата, се собрани пред портите на аеродромот.

-Западните сили, под никакви околности, не сакаат да почнат настапување или одбранбен напад против никого во Авганистан, додаде дипломатот. „Нашиот мандат е да обезбедиме крај на евакуацијата на 31 август”, додаде тој.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот