Талибанците убија дете и две возрасни лица на аеродромот во Кабул

Членовите на оваа екстремистичка група ги преземаа контролните пунктови на пат кон аеродромот, а нивниот портпарол Забихула Муџахид рече дека можат да поминат само државјани на Авганистан кои имаат соодветни документи.

Попладнево одекна силна експлозија во близина на аеродромот во Кабул, а според првичните информации, бомбата била активирана од бомбаш -самоубиец . Засега не е јасна намерата ниту пак целта на лицето кое се саморазнело.

Претходно во утрово се случија и престрелки на на аеродромот, во Кбул во кој загинаа дете и двајца возрасни.

Талибански борци ги нападнале и ги застрелале Авганистанците кои чекале да бидат евакуирани од Кабул, каде безбедносната ситуација драстично се влоши по серијата предупредувања за заканувачки терористички напади од бомбаши -самоубијци, припадници на , терористичка група Исламска држава.

Целта на делувањето на членовите на Исламска држава е областа Корасан која е поделена меќу Авганистан и Пакистан, пишува Лондон тајмс.

Тајмс наведува дека детето било избодено со нож, а уште две лица биле претепани при влезот на аеродромот, каде американските сили го одржуваат редот, пренесува Јутарњи лист.

Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува како крвав Авганистанец, кој има специјална имигрантска виза за влез во Соединетите држави, е убиен од талибански стражар.

Членовите на оваа екстремистичка група ги преземаа контролните пунктови на пат кон аеродромот, а нивниот портпарол Забихула Муџахид инфромираше дека можат да поминат само државјани на Авганистан кои имаат соодветни документи.

– Ситуацијата е повеќе од комплицирана и се менува од час во час , пренесуваат западните агенции. Според нив во близина на аеродромот во Кабул има околу 30.000 луѓе, кои чекаат да бидат евакуирани од страна на САД

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот