Талибанците се подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул

Талибанци во Авганистан / Фото: AFP / AFP / Profimedia

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека припадниците на движењето држат поединечни позиции на аеродромот во Кабул и оти се поодготвени мирно да ја преземат контролата кога ќе се повлечат американските војници.

Талибанците распоредија дополнителни сили пред аеродромот во Кабул за да спречат собирање на поголеми групи луѓе по бомбашкиот напад на 26 август, при што загинаа 13 американски војници и и 169 Авганистанци.

– Чекаме конечен одговор од Американците за да преземеме целосна контрола над аеродромот во Кабул, бидејќи двете страни имаат за цел итно премопредавање, изјави неименуван талибански претставник.

Американските трупи се во завршна фаза на евакуација од Кабул, а над илјада цивили чекаат да се евакуираат пред повлекувањето на војниците.

Американски неименуван претставник изјави дека на аеродромот во Кабул има помачку од 4.000 војници.
САД и сојузниците од Авганистан за две недели евакуираа околу 113.500 луѓе од Авганистан.

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека нов екстремистички напад врз аеродромот во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа. Тој по средбата со воените и безбедносните советници истакна дека ситуацијата и понатаму е „екстремно висока” и оти „нивото на закана од терористички напад останува висока”.

Бајде посочи и дека вчерашниот американски напад врз припадници на Исламска држава нема да биде последен одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот