Талибанците предупредија на последици доколку САД не прекинат со нападите со беспилотни летала

Абдул Гани Барадар, основачот на Талибанците / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO

Талибанците денеска предупредија на последици доколку САД не ги прекинат летовите на своите беспилотни летала во воздушниот простор на Авганистан.

„Со операциите со беспилотни летала над Авганистан, САД ги прекршија сите меѓународни правила, закони и обврски што ги преземаа кон талибанците во преговорите во главниот град на Катар, Доха”, се наведува во нивното соопштение на Твитер, пренесено од британските медиуми.

Талибанските власти ги повикаа сите земји, особено САД, да го третираат Авганистан во рамките на меѓународното право, законите и обврските со цел да спречат какви било негативни последици.

Американските власти досега не излегоа со коментар на предупредувањето

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот