Талибанците по воената тргнаа во дипломатска офанзива: Го освоија Авганистан, дали ќе го „освојат“ и Западот

Талибанско раководство / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Талибански претставници ќе се сретнат со претставници на ЕУ во Доха утре, објави денеска нивниот министер за надворешни работи. Тоа е уште еден чекор во напорите на новиот авганистански режим да ја прекине дипломатската изолација.

-Утре (вторник) ќе се сретнеме со претставници на ЕУ. Имаме позитивни средби и со претставници на други земји, рече Амир Кан Мутаки на конференција во главниот град на Катар. Тој не прецизира за кои претставници на ЕУ станува збор или нивниот број.

Претходно денеска талибанската делегација се сретна со американски официјални претставници.

Тој рече дека двете страни разговарале и за „обезбедување силна хуманитарна помош од САД директно на авганистанскиот народ“.

– Разговорите беа отворени и професионални, а американската делегација повтори дека талибанците ќе бидат судени според нивните постапки, а не само по нивните зборови, рече Прајс во изјавата.

Не беше кажано дали се постигнати некакви договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот