Талибанците нападнаа канцеларија на ОН во Авганистан

Пакистанските власти објавија едномесечен прекин на огнот со пакистанските талибанци, /Фото: EPA-EFE/AKHTER GULFAM

Талибанските борци ја нападнаа канцеларијата на мисијата на ОН во Херат, Авганистан, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Фавад Аман.

Талибанската терористичка група повторно ја нападна канцеларијата на ОН во регионот Гузар во провинцијата Херат. Авганистанските национални сили за одбрана и безбедност (АНДСФ) се борат и ги одбиваат терористите – напиша Аман на Твитер.

Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека авганистанската војска го вратила под контрола регионот Гузар во провинцијата Херат.

Во петокот, веб-страницата на Мисијата на Обединетите нации во Авганистан (УНАМА) соопшти за напад врз голема инфраструктура на ОН во Херат во северозападниот дел на земјата, во кој загина еден полицаец. Официјални лица од ОН не се повредени. Кон влезот во зградата на мисијата беше стрелано со рачно оружје и минофрлачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот