Талибанците ги враќаат луѓето од аеродромот : Одете си дома, нема да ве повредиме

Авганистанци на аеродромот во Кабул / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Талибанците ги повикаа Авганистанците кои чекаат да ја напуштат земјата на аеродромот во Кабул, да си заминат дома, гарантирајќи им дека не сакаат да повредат никој, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме САД и останатите западни сили продолжуваат со евакуацијата на своите државјани и некои Авганистанци.

Во Кабул е релативно мирно откако пристигнаа талибанците, но на меѓународниот аеродром е доста хаотично.

Дванаесет лица го загубија животот од неделата. Некои настрадале од истрели, а некои во гужвите.

Талибанскиот службеник ги повика луѓето кои немаат право да патуваат да си одат дома, тврдејќи им дека нема да ги повредат.

Од неделата се евакуирани 8 илјади Авганистанци, а САД уште има контрола над аеродромот.

Хаотична состојба во Авганистан – Талибанците насилно спречуваат масовно иселување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот