Талески во „Утрински брифинг“: Стануваме полноправна членка на НАТО пред изборите во април

Владата го утврди текстот за ратификација на Вашингтонскиот договор и тој е пратен во Собрание. Тоа значи дека ние сме спремни за ратификација, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО.

-Јас сум 100 проценти сигурен дека ратификацијата на Вашингтонскиот договор и нашето полноправно членство ќе го заврши Собранието во овој формат, пред да се распушти, пред да се одржат изборите и ние ќе станеме полноправна членка и формално на НАТО пред да се одржат изборите- рече во Утрински брифинг Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот