Талески: Самите сме виновни, притисокот можеби направи да имаме лош старт на мечот

Нов пораз за Вардар во Лигата на шампионите/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар се наоѓа во серија од пет последователни порази во ЕХФ Лигата на шампионите, откако загуби и вечерва пред своите навивачите од екипата на Пик Сегед.

Унгарците само ја продолжија негативната серија на скопските „црвено-црни“ кои признаа дека во овој момент ривалот е подобар, но и натаму ќе се борат да ја остварат целта, а тоа е пласман во следната фаза.

Македонскиот репрезентативен бек Филип Талески на овој дуел беше еден од поефикасните во домашната екипа со четири погодоци.

– После таков старт на натпреварот од 1:8 не може да се игра понатаму со таква сериозна екипа каква што е ПИК Сегед. Кога си во некоја црна серија тешко е да се бара победа на домашен терен со уште поголем притисок. Публиката секогаш го бодри Вардар и сакаме да ја израдуваме, тоа за нас е притисок. Можеби тој притисок ни направи да имаме лош старт на средбата и после таа разлика од седум голови од прва до 10 минута, што беше кобен период за нас, по што 50 минути ги бркавме да се вратиме. Но, тешко е да се игра против вакви сериозни екипи каде што и ние и тие се спремаат, гледаат каде се најслабите точки и тоа го покажаа во првите 10 минути и мислам дека тука се одлучи натпреварот.

Како и во претходните мечеви, така и сега мислам дека за поразите наши самите сме виновни и треба повеќе да се анализираме ние. Жално е што не можеме да ја израдуваме публиката, упатувам голема благодарност до навивачите, во сите најтешки моменти ни ја даваат поддршката. Како што кажа тренерот, треба да се фокусираме на тоа што е пред нас, имаме два натпревари годинава во ЛШ. Доколку можеме да собереме сили, да оствариме една-две победи, ќе биде тешко, во криза сме, но глава горе, треба да се анализираме самите себе и да одиме напред – изјави Талески на прес-конференцијата после мечот.

 

Вујовиќ: Навивачите не се задоволни, реков дека ќе дојдат и тешки денови за Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот