Талески: Расположен само Лазаров, во финишот нè фати и заморот!

фото: рфм

Иако бевме подобри од Чесите во првото полувреме, лошиот почеток, слабата одбрана и серијата од 6:1 на противникот беа причините за првиот пораз на ЕП.

Нашата најдобра репрезентација е свесна за пропуштеното дека ќе мора да оди по „потешкиот пат“ за пласман во главната фаза, со триумф над еден од домаќините на ЕП, селекцијата на Австрија.

Жарко Пешевски кој пред мечот со Чешка напоменуваше дека одбраната ќе биде клучот и колку квалитетни можат да бидат Чесите. Жал му е поради поразот, но се надева дека на поддршка од навивачите каква што беше досега.

– После натпреварот против Украина заклучивме дека не смееме да паѓаме, тоа денеска ни се случи. Многу грешки имавме во второто полувреме, не наоѓавме решение како да ја пробиеме нивната одбрана. Освен Лазаров, ништо не можевме друго од бековските позиции, а во последните 15 минути и заморот ги фати играчите – рече левиот бек Филип Талески.

Третиот дуел од групата „Б“ во Виена ќе го играме на 14 јануари против домаќинот Австрија со почеток од 18.15 часот.

– Мислам дека го загубивме натпреварот на почетокот од второто полувреме, кога противникот направи серија од 6:1 и целосно ги промени нештата на теренот – вели Данило Брестовац, селекторот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот