Талески: Одбраната е клучот за успех против Веспрем

„Црвено-црните“ без проблеми со 40:26 го совладаа Радовиш/СЦ „Јане Сандански, Скопје/фото: РК Вардар / Denis Dukovski

Екипата на РК Вардар утре (18.45 ч.) ги продолжува настапите во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ го играат првиот осминафинален натпревар против унгарскиот Веспрем.
Вардарци во натпреварот влегуваат во убедливиот триумф на конкурентот за титулата во домашниот шампионат, Е. Пелистер, а рецептот за успех според зборовите на Филип Талески е играта во одбраната.
– Овој осминафинален дуел за нас е многу важен, а екипата на Веспрем ни е многу позната. Игравме со нив на стартот на сезоната на СЕХА-лигата и таму не одигравме сјајно, онака како што знае Вардар да игра. Сепак, тоа беше почеток на сезоната, многу нови играчи имаше во Вардар, нови бекови и мислам дека сега е поинаку. Осум-девет месеци работи заедно оваа екипа и мислам дека треба да му се реваншираме на Веспрем. Сепак, знаеме дека се многу цврсти, играат квалитетна одбрана, многу висока е нивната зона и ќе треба многу фокусирано и бргу да ги решаваме сите ситуации во напад што ќе ни се нудат. Ние треба да одговориме со иста таква одбрана, гранитна и мислам дека ако одиграме маестрална одбрана, како што знаеме, со неколку брзи голови, мислам дека тука треба да сме во мала предност – вели Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот