Талески: Очигледно има проблем, кој сега не го гледаме

Фото: РФМ

Филип Талески беше најефикасниот натпревар во денешниот трет пораз на македонската репрезентација на Светското првенство.

Аргентина заслужено славеше убедлива победа, а Талески порача дека има проблем кој мора да се реши ако сакаме Македонија да напредува.

„Ќе мора да анализираме сите заедно и да видиме каде е проблемот. Очигледно е дека има и мора да го решиме ако сакаме да напредуваме. Со оваа слика што ја гледаме ние не знаеме каде е тој проблем. Останува да направиме длабока анализа по ова првенство и да видиме што можеме да поправиме“, изјави Талески.

Македонија со трите порази првенството го продолжува во утешниот „Президент Купот“ каде што ќе играме со Алжир, Мароко и Тунис. Веќе е познато дека Светското првенство ќе го завршиме од 25. до 32. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот