Талески: Не брзаме со законот за спорот со Макпетрол, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформите

Не се брза со ништо. Во конкретниов случај станува збор за редовна постапка што ние како пратеници имаме обврска да ги реализираме сите оние проекти коишто се претходно почнати, рече денеска пратеникот од СДСМ Миле Талески одговарајќи на новинарско прашање зошто синоќа се брзаше да се донесе законот со кој ќе се реши спорот меѓу Владата и Макпетрол.

Очигледно деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието, тоа го покажа и со самиот факт што претходно на ребалансот, а сега и на буџетот имаше сериозни ситуации во коишто ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните да биде ставена нивната иднина во прашање. Гледате дека во секој поглед без разлика за и каков да е закон тие одат на варијанта да го блокираат. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони којшто се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните – рече Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот