Талат Џафери го опомена Мицевски да го чита Деловникот и да не дофрла

Фото: Архива

Собранискиот претседател Талат Џафери денеска на седница го опомена пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски да го чита Деловникот и да не дофрла од место. 

Конфликт настана околу интерпелациите. Спикерот не ги стави на дневен ред интерпелациите иницирани од опозицијата за министерот за правда, Бојан Маричиќ и вицепремиерот Љупчо Николовски.

„Не дофрлувај од таму читајте си го Деловникот и ќе видите страна 17 и видете ги членовите и ќе видете што е што. А, не Талат Џафери и престанете да дофрлувате од место“, рече Џафери. 

Мицевски на прес конференција изјави дека парламентарното мнозинство намерно ја тргна интерпелацијата од дневен ред за да нема дебата за неуспесите на овие две ресори. Последна на дневен ред на денешната седница е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На последните седници Џафери и Мицевски си разменија остри зборови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот