Талат чека на договор од партиите за да закаже седница на Собранието

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Останува на ставот дека ќе закаже избор на комисиите кога партиите ќе го известат дека постои договор меѓу нив

Претседателот на Собранието Талат Џафери за петок закажува брифинг за новинарите на која ќе информира за динамиката на одржување на собраниските седници.

Според извори на Слободен печат засега тој нема намера да свика седница, останувајќи на ставот дека ќе закаже избор на комисиите кога партиите ќе го известат дека постои договор меѓу нив. Но такво известување до него сеуште немало.

Од друга страна пак координаторите на пратеничките групи интензивно денеска преговараат и уверуваат дека се блиски до решение. Според тоа седница може да има набргу. Како што се очекуваше според принципот на консензуално договарање оди потешко до постигнувањето договор, но потоа пак процедурата оди побргу.

За попладнево е закажана уште една координација на сите четворица координатори на пратеничките групи..

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот