Тактко и син од Пожаревац нарачале убиство за да добијат куќа

фото: Курир.рс

Татко и син се уапсени под сомнение дека нарачале убиство, за што ангажирале сторител. Станува збор за 47 годишниот Саша и 21 годишниот Даниел. Испланирале убиство на 78 годишната Ружица Ковач, а Даниел го ангажирал неговиот пријател Александар кој има 22 години.

Српски Курир пишува дека сомнежите покажуваат како Александр во понеделникот со автомобил на Дунавска улица во Пожаревац намерно ја прегазил Ружица, која била на велосипед, а потоа избегал и го запалил возилото. Несреќната баба загинала еден ден подоцна во болница во Белград, а полицијата вчера ги уапси тројцата осомничени.

– Мотив на овој суров и планиран злочин се нерешени имотни односи меѓу убиената Ружица и уапсените татко и син. Сомнежите покажуваат дека Сашо и Даниел ѝ дале пари на Ружица за нејзината куќа, со идеја заедно да ја користитат додека е жива, а по нејзината смрт, куќата да биде во нивна сопственост. Во меѓувреме, тие се скарале со Ружица, поради што таа решила да го раскине договорот и да ги избрка од куќата, бидејќи Ружица забранила таткото и синот да го користат нејзиниот имот тие се решиле да и се осветат – вели извор за српски Курир кој додава:

– Тогаш го ангажираа Александр да ја убие бабата. Постоја сомнение дека тие двајца го набавиле автомобилот „Застава 101“ сина боја и на него ставиле регистрациски таблици од друг автомобил. Потоа му ги дале инструкциите каде и кога може да ја најде Ружица и да ја прегази.

Истрагата покажала дека Александар, кој е добар другар на Даниел, се согласил да му направи услуга на пријателот.

– Александар на 14 октомври околу 17.00 часот ја забележал Ружица на велосипед и тоа на улицата на којашто таа живее и со голема брзина на возилото се залетал кон неа. Ја прегазил и продолжил да се движи кон селото Михајловац кај Смедерево, каде го запалил автомобилот. Тешко повредената баба итно била пренесена во болницата во Пожаревац, од каде е префрлена за Белград, но поради тешките повреди таа наредниот ден почина – објаснува изворот.

Полицијата тогаш направила увид и кривичното дело го квалификувала како тешко дело против безбедноста во сообраќајот и не давање помош на повредено лице. Веднаш покрена потрага по несовесниот возач.

– За време на истрагата, полицијата утврди кој автомобил ја прегази Ружица и патот по кој избега возачот. За ова помогнале безбедносните камери, кои го снимале бегството на несовесниот возач, за што се веруваше дека е така. Полицијата го приведе Александар на разговор. Тој признал дека намерно ја прегазил бабата зашто сакал на пријател на му направи услуга – вели изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот