Тактиката на опозицијата успеа, Путин ја губи Москва?

Фото:ЕПА

Руската владејачка партија која го поддржува Путин, изгуби значаен број места во Москва на локалните избори. РИА новости оценува дека тактиката на опозицијата по се изгледа успеала, пренесува Ројтерс.

Неделните избори се едни од најнабљудуваните во последните години, бидејќи властите, од изборната трка, исклучија бројни опозициски партии, поради што Москва со денови ја тресеа протести, оценува Ројтерс.

Тие протести почнаа уште во јули, откако Централната избирна комисија одлучи да не регистрира голем број опозициски партии и кандидати, наводно, бидејќи не успеале на соберат доволен број потписи од гласачи.

Исклучените опозициски лидери, соработници на рускиот опозиционер Алексеј Навални, таквиот потег го оценија како намера да се исклучат од изборите со цел да не победат во Москва.

Навални потоа им препорача на сите опозициски поддржувачи, сепак да излезат на локланите избори и да гласаат за оној опозициски кандидат кој има најголеми шанси да ја победи владејачката Единствена Русија.

Но, и владејачката партија подготви одговор на таа тактика. Ги ребрендираше своите кандидати, претставувајќи ги како независни, иако всушност стануваше збор за политичари чија што улога и партиска припадност веќе со децении е иста.

Според најновите податоци од изборите одржани во Москва, која ги пренесе агенцијата РИА новости, партијата на Путин изгубила речиси тертина од местата во главниот град на Русија и сега неговата контрола на Москва е под голем знак прашалник.

Од друга страна, лидерот на партијата Единстевна Русија, Дмитриј Медведев, во неделата, по затворањето на гласачките места, изјави дека, според излезните анкети, неговата партија останува водечка сила во Русија, пренесува порталот Спутник.

Гласањето на локалните избори во Русија заврши во неделата на целата територија на земјата, а просечната излезност ја надмина онаа во 2018 година, изјави шефицата на Централната изборна комисија, Ела Памфилова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот