Тактиката на Макрон за „исцрпување“ на демонстрантите дава резултати?

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Минатата недела, на 9 јануари, ширум Франција маршираа околу 452,000 луѓе (56.000 во Париз), а вчера имаше 187.000 ширум целата земја (од тоа 23.000 во Париз).

Протестите против пензиските реформи во Франција и понатаму траат, но изгледа дека тактиката на францускиот претседател Емануел Макрон, која се сведува на тоа демонстрантите да се уморат, дава резултат. Имено, на вчерашниот протест се собраа двојно помалку демонстранти во однос на претходната недела, пренесува „advance.hr“

Минатата недела, на 9 јануари, ширум Франција маршираа околу 452,000 луѓе (56.000 во Париз), а вчера имаше 187.000 ширум целата земја (од тоа 23.000 во Париз).

Овие бројки можат да се споредат и со претходните недели, па се забележува тренд на намалување на бројот на демонстранти. На пример, на 5 декември ширум Франција протестираа околу 806.000 луѓе.

Според пишувањата на „advance.hr“, очигледно е дека Макрон оди на „исцрпување“ на демонстрантите како тактика. Францускиот лидер им дозволува на демонстрантите да се изморат, додека тој примарно се занимава со прашања кои воопшто не се поврзани со домашната политика. Ако притоа се земе во предвид дека медиумите во Европа се прилично незаинтересирани за известување од протестите во Франција (иако речиси сите демонстрации завршуваат со судири со полицијата), очигледно е дека Макрон актуелната тактика нема да ја менува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот