Таксите на англиските универзитети се зголемуваат за студенти од ЕУ од идната учебна година

Студентите од земјите-членки на ЕУ кои сакаат да студираат на универзитет во Англија, ќе мора да платат повисоки такси од почетокот на учебната 2021-2022 година поради брегзит, соопшти британската Влада.

Мерката ќе се однесува само за Англија и нема да важи за Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Странските студенти се важен извор на приход за британските универзитети. Тие често плаќаат двојни, па дури и повисоки такси за најпрестижните училишта од Британците.

Поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ на крајот на јануари, граѓаните на ЕУ и другите земји во Европското економско подрачје и Швајцарија веќе нема да можат да имаат корист од финансиските услови што се применуваат за британските студенти.

Зголемувањето на надоместокот нема да се однесува на студенти кои ги започнуваат своите студии во учебната 2020-2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот