Таксист во Црна Гора им наплатил на туристи 200 евра, па добил казна од 1.500 евра

такси

Комуналната полиција и инспекција казни таксист во Црна Гора со парична казна од 1.500 евра, бидејќи немал дозвола за работа. Тој претходно бил пријавен од сопственици на приватно сместување на Свети Стефан бидејќи на нивните гости за такси превоз до Будва и назад им побарал 250 евра, а им наплатил 200 евра.

Како што пишува во пријавата која ја пренесуваат Вијести.ме, туристка од Чешка и нејзиниот партнер, американски државјанин викнале такси за да ги одведе до најблискиот пункт за да платат такса за престој. Наместо да ги одведе до Пржно, тој ги возел до Будва каде им наплатил и чекање. Тој управувал со такси возило со регистерски ознаки на Подгорица. Потоа, туристите ги вратил назад до сместувањето и им побарал 250 евра, но тие му платиле 200 евра и го пријавиле случајот кај сопствениците на сместувањето.

Од Комунална полиција за Вијести изјавиле дека таксистот бил потоа запрен во 22 часот при што било утврдено дека нема дозвола за возење на такси возило, по што бил казнет 1.500 евра.

Видео на денот