Таксист од Истанбул вратил 300.000 евра кои патникот ги заборавил во неговото возило

Profimedia

Таксистот Енгин Олгац од Истанбул на седиштето во своето такси возило нашол торба со пари, кои ги заборавил патникот што претходно го возел, пренесува Anadolu Agency.

Патникот бил странски државјанин, а 31-годишниот Олгац го возел од аеродромот „Истанбул“ до хотелот во квартот Лалела.

Олгац го контактирал хотелот во кој го однел клиентот и торбата во која имало 300.000 евра му ја вратил на сопствфеникот.
„Откако го оставив клиентот во хотелот, отидов во пералница за автомобили и ги забележав заборавените пари. Го контактирав хотелот и ги предадов парите“, рекол Олгац.

Секоја чест за таксистот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот