Таксират и Д фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа

Веќе неколку години по ред, двата најпосетени македонски фестивали за локалната и регионалната јавност – според гласовите на домашните и меѓународните фанови – со својата атрактивна и еклектична програма привлекуваат сѐ повеќе публика и стануваат препознатливи како македонски музички фестивали супер-брендови.

Д-Фестивал го стави малиот град Дојран на мапата на најатрактивни фестивалски дестинации не само во регионот, туку и во Европа. Досегашните осум изданија на летниот фестивал покрај езерскиот брег, со својата програма секоја година привлекуваат по повеќе од осум илјади срчани фестивалџии, за кои овие три дена се еуфорично и позитивно доживување, единствени, неповторливи, кои долго потоа се прераскажуваат. Личните емотивни објави по социјалните мрежи на секој оној кој бил на Д-фестивал се потврда за тоа. А листата на изведувачи кои досега настапиле на трите сцени на овој единствен вистински летен фестивал кај нас е импресивна: Ману Чао, Дубиоза колектив, Стерео МС, Архангел, Кирил Џајковски, Фолтин… и уште повеќе од 200 ексклузивни музички генијалци.

Прочитајте и...  Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ


Фестивалот Таксират годинава почнува да ја раситнува третата деценија од своето постоење. „Лошата карма“, те. алузијата во насловот на овој фестивал се претопи во суперуспешна приказна: од дадена шанса за прв настап на голем настан за локалните почетници во светот на музиката до стотиците супер-ултра-мега регионални и светски музички ѕвезди кои настапиле досега на фестивалот. Дваесет и една година Таксират континуирано ја промовира мултикултурата, креативноста и позитивните вредности во животот, и затоа е веќе широко препознаен како македонски најпосетуван туристички културен бренд. Заради својот оригинален концепт, фестивалот со години по ред е номиниран, но и наградуван од најмеродавните европски инстанци кои ги оценуваат стотиците фестивали кои се одржуваат по стариот континент.

Прочитајте и...  Пожар на грчкиот остров Евија, на терен 82 пожарникари, авиони, хеликоптери

Искрено Ви благодариме за досегашната поддршка во нашата мисија за поттикнување на доброто, убавото, корисното, оригиналното, чесното и поинаквото, која ја туркаме низ годиниве наназад, и ве повикуваме на линковите подолу гордо да гласате за Д- Фестивал и Таксират во изборот за најдобар европски фестивал во соодветната категорија. Со тоа станувате нераскинлив дел во нашата филозофија и пријатели на културата и уметноста.

Д ФЕСТИВАЛ- Категорија: Best Small Festival
ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ – Категорија: Best Indoor Festival
ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ – Категорија: Best Medium sized Festival

Прочитај повеќе

Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Слободен печат

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Слободен печат

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

Слободен печат