Така се размислува однапред! Јапонците подготвуваат нешто што го нема ни во научната фантастика

Јапонската компанија „Sumitomo Forestry“ заедно со универзитетот „Кјото“ почна да го истражува растот на дрвјата и користењето дрвени материјали во вселената, пренесува Би-Би-Си. Ќе се вршат експерименти со различни видови дрвја во екстремни услови на Земјата. Поради сѐ почестото лансирање на сателити во вселената, вселенскиот отпад почнува да станува сѐ посериозен проблем.

Дрвените сателити нудат согорување во атмосферата во текот на повторното влегување и по истекот на нивниот век на траење, но без ослободување штетни честички во атмосферата или создавање „дожд“ од остатоци, кои потоа паѓаат на површината на Земјата и претставуваат опасност за луѓето и околината.

Многу сме загрижени поради фактот дека сите сателити кои повторно влегуваат во Земјината атмосфера при согорувањето создаваат ситни честички што лебдат во горниот дел од атмосферата долги години. Со текот на времето, тоа ќе влијае и на околината на Земјата“, вели Такао Дои, јапонски астронаут и професор на универзитетот „Кјото“.

Такао Дои бил на Меѓународната вселенска станица во март 2008 година. За време на престојот станал првиот човек кој фрлил бумеранг во вселената, но тоа бил посебмно дизајниран бумеранг за користење во услови на микрогравитација.

„Sumitomo Forestry“ е дел од компанијата „Sumitomo Group“, која постои веќе 400 години. Од компанијата откриваат дека работат на истражување на дрвени материјали, високоопторни на температурни промени и на сончевата светлина. Дрвото што го користат во истражувањето го нарекле своја „R&D тајна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот