Тајванската криза го продолжи конфликтот меѓу Кина и Америка

Виртуелна средба САД и Кина
Виртуелна средба САД-Кина/ Фото EPA-EFE/SARAH SILBIGER / POOL

Кризата околу Тајван ја продолжи кинеско-американската царинска војна бидејќи Белата куќа смета дека сега веројатно не е вистинското време да се укинат царините наметнати на кинеските стоки од претходната администрација на Вашингтон.

Претседателот Џозеф Бајден со месеци размислуваше да ги отстрани или барем да ги ублажи царините за увоз од Кина за да ја намали инфлацијата, но таквата одлука беше комплицирана од настаните во Тајван. Како што пренесува Ројтерс, работите остануваат како што се, но Бајден не исклучува никаква можност, од укинување на царините до воведување нови. Администрацијата на Бајден се бори да ги промени тарифите за да не го обвинат републиканците дека го наградува Пекинг откако кинеската војска спроведе воени вежби во близина на Тајван речиси една недела.

Владата во Пекинг завчера соопшти дека армијата ги завршила маневрите, но дека ќе продолжи да патролира по Тајванскиот теснец кој ја дели Кина од спорната територија. Претседателот Си Џинпинг нареди воени вежби како одговор на минатонеделната посета на Тајпеј од страна на високиот американски функционер Ненси Пелоси. И покрај предупредувањата на Си да не „игра со оган“, претседателката на Претставничкиот дом го посети Далечниот Исток, што ги влоши кинеско-американските односи. Маневрите, кои вклучуваа симулиран напад на спорната територија, предизвикаа нова криза во регионот, на која Ненси Пелоси се обрати во средата. Според неа, САД не смеат да дозволат зголемениот кинески притисок врз Тајпеј, олицетворен во воените вежби, да стане вообичаена појава.

Западното крило зема во предвид различни интереси кога одлучува за промена на трговската политика кон втората по големина економија во светот. Дел од тимот на Бајден смета дека претседателот не треба да ги укине казните за да не изгледа слаб во односите со Пекинг. Повеќе причина за статус квото се синдикатите, чии членови, главно гласачи на Демократската партија, веруваат дека високите царини ги штитат американските работни места.

На спротивната страна пак од ова размислување се американските компании кои увезуваат делови од Кина и се жалат дека нивните производи поскапеле поради давачката на стоката од оваа земја. За укинување на царините се и некои функционери, кои сметаат дека поевтинувањето на кинеските производи би го забавило растот на цените во Америка. На прашањето што најмногу ги загрижува, најголем број Американци во анкетите во пресрет на ноемвриските избори за Капитол одговараат дека тоа е инфлацијата.

Во исто време на авенијата Пенсилванија размислуваат за укинување на царините за производите што американските компании можат да ги набават само од Кина. Претходната администрација правеше исклучоци и за индустриски компоненти и хемикалии, но рокот за нивно изземање помина минатата година.

Инаку во 2018 година, администрацијата на Доналд Трамп воведе царини до 25 отсто на кинески стоки во вредност од 360 милијарди долари. Бидејќи Пекинг веднаш возврати со иста мерка, започна кинеско-американската царинска војна. Трамп ја оправда одлуката со тврдењето дека владата на Си вештачки го обезвреднува јуанот, ја краде интелектуалната сопственост на силиконската долина во САД.

Во кабинетот на Бајден деновиве се двоумат дали да тргнат одредени кинески производи од црната листа бидејќи другата страна не го испочитувала договорот за купување повеќе американски производи. Администрацијата на Трамп пак бараше од Кина да увезе повеќе американски стоки во замена за „примирје“ во тарифната војна. Иако Пекинг се согласи со овој услов, тој никогаш не го спроведе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот