Тајван со четиригодишен развоен план ќе за зајакнува на економијата

Фото: EPA

Планот предвидува шест основни сектори за градење на економското влијание на Тајван.

Тајванската Влада денеска го одобри четиригодишниот развоен план за зајакнување на нејзината улога во глобалните синџири за снабдување и за промоција на економскиот раст, јави ДПА.

Националниот план за развој за периодот 2021-2024 година има за цел просечен годишен економски раст од 3,4 отсто, намалување на невработеноста на 3,5 отсто и кревање на приходот по глава на жител на 30.000 долари до 2024 година.

Премиерот Су Ценг-Чанг изјави дека документот е „клучен стратешки водич” за реализирање на предизборните ветувања на администрацијата на Демократската напредна партија (ДДП) на претседателката Цаи Инг-ван.

Според Су, политиките прифатени за време на првиот мандат на Цаи, вклучувајќи ги и промовирањето на индустриите темелени на  иновации и програмата за енергетска транзиција, веќе ја намалија економската зависност од Кина и помогнаа економијата да излезе од стагнација.

Планот сега ќе ги потенцира стратешките индустрии што „на Тајван ќе му дозволат да игра пресудна улога во глобалните индустриски синџири за снабдување” и да обезбеди снабдување со критични ресурси, рече Су, пренсен од ДПА.

Планот предвидува шест основни сектори за градење на економското влијание на Тајван, вклучувајќи ги информациите и дигиталните индустрии, безбедноста на информациите, здравството и медицината, одбраната, зелената енергија и обновливите извори на енергија и потрошувачките и стратешките материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот