Тајван: 68 кинески авиони и 13 воени бродови ја поминаа средната линија на теснецот

Фото Hector RETAMAL / AFP / Profimedia

Денеска е вториот ден од големите воени вежби кои кинеската војска ги започна во Тајванскиот теснец, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси го посети островот. Тајван одговори на вежбите со распоредување на авиони и бродови.

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека до 17 часот по локално време, 68 кинески авиони и 13 воени бродови ја преминале „средната линија“, неофицијалната, но претходно почитувана демаркациона линија на територијата на Тајван.

Кинеската војска продолжува со вежбите

Кинеската војска денеска спроведе воздушни и поморски вежби северно, југозападно и источно од Тајван и продолжува да ја „тестира заедничката борбена готовност на војниците“, се вели во најновото соопштение на армијата. Соопштението е објавено на официјалната сметка на Веибо на командата на источното крило на Кинеската народна армија, објави Ројтерс.

Кина ја прекинува соработката со САД во повеќе области

Кинеското Министерство за надворешни работи најавува повлекување на заедничката соработка со САД за повеќе прашања. Ројтерс наведува дека станува збор за климатски преговори меѓу САД и Кина, дијалог меѓу американските и кинеските воени лидери, прекугранична соработка во борбата против криминалот, механизмите за поморска безбедност и односите за имиграциската и анти-дрога политиката.

Кинеското Министерство за надворешни работи ја објави одлуката за санкционирање на Пелоси и членовите на нејзиното семејство во соопштение, нарекувајќи ги нејзините неодамнешни дејства „провокативни“ и „злобни“.

„И покрај сериозната загриженост на Кина и цврстото противење, Пелоси инсистираше на посета на Тајван, сериозно мешање во внатрешните работи на Кина, поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, газење на политиката „една Кина“ и загрозување на мирот и стабилноста на Тајванскиот теснец. изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот