Тајсон се правда: Не бев дрогиран туку уморен

Славниот боксер неодамна беше гостин во ТВ емисија на која чудно се однесуваше.

Мајк Тајсон на 54-годишна возраст најави кам-бек во рингот и поради претстојниот хуманитарен меч со Рој Џонс јуниор беше гостин на англиската емисија „Добро утро Британија“.

Водителот Пирс Морган во емисијата откри дека кога бил гостин на Тајсон во неговиот ранч во Калифорнија заедно пишеле марихуана.

Тајсон преку видео линк гостуваше во емисијата, а кога го прикажаа боксерот тој беше со наведната глава, притоа зборуваше многу споро и повремено изгледаше како да спие, а даваше многу кратки одговори.

Фановите веднаш ги окупираа социјалните мрежи со свои коментати и прашања кои на крајот се сведоа на едно: Дали Мајк Тајсон беше напушен, уморен или болен?

Одговор на ова прашање даде самиот боксер кој веќе неколку години има вносен бизнис со одгледување марихуана за медицински цели, и тој вели дека ниту бил болен, ниту пушел марихуана пред да се вклучи во емисијата.

Временската разлика помеѓу САД и Европа значи дека по моето локално време јас среде ноќ бев гостин во емисијата. Дадов се од себе да останам буден и во кревет да одам веднаш по интервјуто, но заспав пред да ме вклучат во емисијата. Тренирам максимално сериозно и секоја вечер сум уморен од тренинзите и поради тоа многу рано си легнувам. Спијам како лав и ми треба повеќе време за да се разбудам. Немав монитор пред себе, не ги видов соговорниците и едноставно бев уморен и поспан и заборавив да гледам во камерата. Не, не бев напушен, не сум ниту болен туку едноставно бев многу уморен – изјави Тајсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот